Published: Thursday, September 28, 2017 18:00
Илјадници студенти денеска маршираа во Барселона, во знак на протест поради т.н. интензивирање на острите мерки од страна на централната шпанска влада заради референдумот за независност на Каталонија закажан за в недела.
Студентите бараат право да гласаат на регионалното гласање за отцепување, кое националната влада со седиште во Мадрид го смета за нелегално.
Многу демонстранти носат знамиња и транспаренти со пораки во корист на независноста и слогани од типот „Сакаме да гласаме“.
Денешниот марш и штрајковите беа организирани од главните студентски синдикати од Каталонија.




