Одбраната на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поднесе жалба на решението за притвор.
Неговиот адвокат Дончо Наков изјави дека жалбата е врз основа на меѓународната потерница, која според него е во спротивност со Кривичниот законик.
Според Наков, неговиот клиент, кој веќе издржува 30-дневен притвор како осомничен во случајот „Титаник“, имал албански патни документи кои му овозможиле да патува од Македонија во Албанија и обратно.
-Испочитувани се сите законски процедури. Темелко се појавувал секоја среда пред властите во Македонија, односно во Судот во Преспа за да докаже дека не е во бегство. Што содржи нашата жалба, ќе зборуваме по одлуката на Апелација, изјави Наков.
Темелко е еден од обвинетите во случајот на СЈО „Титаник“, за манипулации на локалните избори во 2013 година. Покрај него, обвинети и поранешниот премиер Никола Груевски и екс министрите Гордана Јанкулоска, Билјана Бришковска-Бошковска и Миле Јанакиески, како и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски и функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО и за нив побара притвор, но судот го одби.