Published: Friday, September 29, 2017 12:34
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека хуманитарната ситуација во Јемен е катастрофална, а до крајот на оваа година би можело да бидат регистрираи милион случаи на заболени од колера.
Шефот на делегацијата на Црвениот крст во јемен Александар Фејт изјави дека завојуваните сили користат несразмерна сила и на тој начин предизвикуваат „преголеми“ цивилни жртви.
Тој го повика двете страни да дозволат отворање на аеродромот во главниот град Сани, за да може да се достави хуманитарна помош.
Се истакнува дека досега се регистрирани 750.000 случаи на колера, од кои досега починале над 2.000 луѓе.
Фејт предупреди дека до крајот на годината таа бројка ќе достигне до еден милион.




