Во Македонија нема ниту 100.000 невработeни – според математиката на Агенцијата за вработување, објавува Фактор.
По половина година пауза, Агенцијата денеска го објави податокот за бројот на невработени лица. По завршувањето на процeсот за пререгистрација, во земјава останале само 96999 невработени лица на крајот на јуни. Од нив 16 се доктори на науки, а 744 магистри. Со високо образование се над 16 илјади.
Каде исчезнаа 140 илјади невработени?
Според новата евиденција на Агенцијата за вработување, бројот на невработени лица во Македонија е трипати помал од оној што го објави Државниот Завод за статистија кој што во првото тримесечје изброи 284 823 невработени лица.
Дури и според АВРМ на крајот на минатата година, пред да започне пререгистрацијата, бројот на невработени бил поголем од 240 илјади. Во новите податоците за прилив и одлив на невработени, објавени денеска на сајтот на Агенцијата за вработување, нема информација каде и како исчезнаа за половина година останатите над 150 илјади невработени лица.