Приврзаници на независноста на Каталонија „окупираа“ денеска неколку училишта во Барселона кои се одредени да бидат места за гласање на спорниот референдум за независност на таа шпанска покраина.
Тие окупирале школи за да обезбедат одржување на референдумот. Според локални медиуми, окупирани се две училишта во центарот на Барселона.
Од друга страна, „платфромата на училишта отворени за референдумот“ објави на Твитер фотографии од неколку „окупирани бирачки места“.
Повеќе од 2.300 гласачки места се подготвени за референдумот за независност на Каталонија што ќе се одржи в недела, соопшти денеска регионалната Влада на Каталонија.
Земјоделците денеска дојдоа со своите трактори во Барселона и ќе ги паркираат пред гласачките места, за доколку има обид да се затворат да ги спречат во намерата.