Група млади луѓе покренаа иницијатива за купување книги од македонските великани – Славко Јаневски и Божин Павловски, кои деновиве се најдоа на списокот лустрирани.
„Срамно е вакви великани и основоположници на македонската литература и култура да бидат жртви на лустрација и политичка пресметка. На овој начин симболично сакаме да го изразиме нашиот револт против политичката пресметка на лустраторите врз оние кои се втемелени во македонскиот идентитет“, изјави денеска Андријана Коколанска.
Тие ги повикуваат сите граѓани кои се згрозени од сево ова да излезат да се придружат во иницијативата, и во најблиската книжара да купат барем по една книга од македонските великани.
Акцијата е организирана од млади луѓе преку социјалните мрежи.