Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пензионерот од Лас Вегас уби 50, а рани над 400 луѓе

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 15:22

Во нападот пред хотелот Менделеј Беј во центарот на Лас Вегас, убиени се над 50 луѓе, додека над 400 се повредени. Полицијата соопшти дека напаѓачот е пронајден мртов во хотелската соба и се претпоставува дека се самоубил. Идентификуван е како Стивен Падок (64) пензионер од Лас Вегас.

Американските медиуми објавија дека со 50 жртви, ова е најтешкиот напад во историјата на САД. Претходно најсмртносниот напад беше оној во Орландо минатата година, кога беа убиени 49 луѓе.

Полицијата соопшти дека е лоцирана и жената која била во друштво со убиецот.

Мотивите за нападот и натаму се непознати, но се отфрла дека тоа е тероризам.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство со жртвите на нападот и нивните семејства.

Полицијата претходно ги потврди информациите дека напаѓачот пукал на присутните на фестивалот на кантри музика „Рут 91 Харвест“, што се одржувал на отворено пред хотелот.

Тој пукал од 32.кат на хотелот.

Очевидци тврдат дека се слушнале над 100 рафали. Уште на првите пукотници, присутните почнале да бегаат.

Полицијата соопшти дека нема претходна евиденција за осомничениот за нападот, ниту пак досега бил пријавуван за некаков прекршок. Полицијата нема ниту информации колку долго тој живее во оваа област.

Меѓу меѓу загинатите има и полициски службеници, но шефот на полицијата на Лас Вегас  Џо Ломбардо не го објави нивниот идентитет.  Двајца полицајци се и меѓу повредените, од кои едниот е во критична состојба.

загинати идентификуван напаѓачот Лас Вегас напад полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.