Во Охрид почна снимањето на краткиот игран филм „Exchange“ („Размена“), во режија на Иво Трајков.
Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Верица Недеска – Трајкова и Русинката Викторија Мироваја. Помали улоги имаат и Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. Филмот ќе се снима шест дена во Охрид и еден во Скопје.
Станува збор за љубовна приказна по сценарио на Трајков и Верица Недеска – Трајкова, што ја финансира руска продукција, а македонски продуцент е „Кавал филм“, пренесе „Дневник“.
Во филмот ќе се говори на англиски и на македонски јазик, а дејството се случува токму во Охрид.