Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бурни реакции во јавноста по коментар на лекар од Тетово за Македонија

0
By Влатко Чаловски on October 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2017 13:46

„Македонија е лажна држава и не поттекнува од античка Македонија. Името е адаптирано а денес земјата не ја рефлектира вистинската природа на своето потекло. Земјата е изградена на лажни факти и измешана историја“. Ова е дел од поширокиот коментар на лекарот Лиридон Диша кој работи во тетовска приватна ординација, кој поттикна широка дебата во јавноста.

Но како што вели тој за НОВА, неговиот коментар е изваден од контекст од првиот споделувач на објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Реакциите во јавноста отидоа до таму што во реакциите се бара од Основното јавно обвинителство, тетовскиот лекар да одговара за ширење на говор на омраза. Диша сепак потенцира дека со својот коментар не упатил навреда кон никого.

„Коментарот е намерно поставен. Тоа е мој став и историски факт. Јас не упатив навреда кон никого и нема ништо спорно во него. Коментарот е изваден од контекст“, вели лекарот за НОВА.

Тој го споредува својот коментар со прислушуваните разговори и тврди дека за искажан став апсурдно е да се повикува на одговорност, кога поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска упатувала погрдни зборови и навреди кон Албанците, а за тоа се уште не одговарала.

Оригиналниот коментар напишан на англиски јазик од лекарот Лиридон Диша
Оригиналниот коментар напишан на англиски јазик од лекарот Лиридон Диша

На прашањето дали смета дека земјата во која живее е лажна, со измислено име и лажна историја, Лиридон Диша објаснува дека во тој контекст неговото мислење е дека државата не ја рефлектира мултиетничноста.

„Оваа држава е градена од повеќе етнички заедници и кога еден етникум сака да доминира, тоа не ја отсликува реалноста на мултиетничноста, ако се знае дека таа земја е изградена врз база на мултиетничност“, одговара лекарот.

Диша, кој работи во приватната тетовска ординација „Асклепиус“, тврди дека целиот коментар е искажано мислење, но реакциите од учесниците во споделениот коментар во кои се предупредува на евентуална неговата селективност при лекување на пациентите, биле бурни бидејќи тој бил изваден од контекст.

„Јас во мојата ординација сум имал и Македонци и Албанци и други етникуми и за мене никогаш немало разлика и нема ни да има. Јас имам пријатели и другари Македонци, имам и братучетка мажена за Македонец, така што повиците кон мене не се основани, луѓето што го споделуваат постот не ме познаваат“, вели лекарот од Тетово.

 

 

коментар лажна земја лажна Македонија лекар Лиридон Диша Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.