Порцеланска чинија од периодот на кинеската династија Сонг (960-1127), е продадена на аукција, за 37,7 милиони долари, што претставува нов рекорд за кинески порцелан, соопштуваат од аукциската куќа Сотебис.
Чинијата, којашто е стара речиси 900 години, го собори предходниот рекорд од 2014. Кога чаша за вино од династијата Минг, беше продадена на неименуван шангајски тајкун за 36,05 милиони долари.
Почетната понуда на чинијата беше 10,2 милиони долари, наддавањето траеше 20 минути, а победничката понуда беше добиена телефонски.
Чинијата има пречник од 13 cm и се одликува со светкава сина глазура.
Со оваа продажба е урнат светскиот ауквиски рекорд на која било кинеска керамика, соопшти Сотебис.