Published: Tuesday, October 3, 2017 17:18
Четириесет католички институции ширум светот ќе ги скратат расходите наменети за фосилни горива. Ова е најголемата мерка на штедење направена од религиозните институции.
Оваа крупна мерка се очекува да направи значајно влијание на останатиот дел од католичкиот свет.
Томас Инсуа, претседателот на Глобалното католичко климатско движење, голем поборник за воведувањето на оваа мерка, вели дека „моралната јасност на овие 40 институции е причина за прослава“, додавајќи дека покажува лидерство во пресрет на состанокот со Светската банка во Вашингтон, кој треба да се случи на 13 октомври.
Но оваа постапка не е нешто досега невидено, во мај годинава, девет други католички групи соопштија дека веќе нема да одвојуваат пари за фосилни горива.




