Published: Tuesday, October 3, 2017 17:49
Претседателот на САД Доналд Трамп оцени дека напаѓачот од Лас Вегас, Стивен Педок, е „ментално болен човек“.
– Тој е човек со нарушено ментално здравје. Станува збор за многу, многу болна личност, нагласи Трамп.
Претседателот на САД синоќа во дворот на Белата куќа им оддаде почит на жртвите од Лас Вегас со едноминутно молчење.
Во вчерашниот масакр во Лас Вегас загинаа 59 лица, а 515 беа повредени.




