Published: Tuesday, October 3, 2017 21:28
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини ЕУ за лицемерие и користење двојни стандарди, откако Европската комисја рече дека референдумот за независност на Каталонија бил нелегален.
Србија се заколна дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово, кое еднострано се отцепи од Србија во 2008 година – чекор кој беше признае од повеќето земји во ЕУ.
Портпаролот на комисијата во понеделникот рече дека не може да се прави споредба меѓу Шпанија и Србија, бидејќи „Шпанија е земја членка“.




