НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридско лето: Изгубени Германци на Дуковски и Унковски

0
By Нова ТВ on July 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На програмата на Охридско лето вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ –Охрид во 21.00 часот, МНТ ќе ја изведе претставата „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски.

Според селекторот Ѓорѓи Јолевски, ова е најгледаната претстава во Македонија за оваа сезона и ја носи актерската елита на сцената на Охридско лето.

-Исклучителна претстава на Дејан Дуковски и Слободан Унковски во која играат ѕвездите на Македонскиот театар. Таа го побуди интересот на публиката во Скопје и покажа дека се работи за исклучително квалитетен театарски проект. Во еден месец претставата се играше најмалку шест пати. Затоа решив ова хит претстава од МНТ од Скопје да биде на репертоарот на Охридско лето, изјави селекторот на драмскиот дел на Фестивалот Ѓорѓи Јолевски.

Никола Ристановски, кој по една деценија повторно се враќа на Охридско лето, вели дека охридската публика сеуште ја чувствува како своја.

-Ова е доста свежа претстава, нема поминато цела сезона. Досега се играла на сцената на МНТ , се играше и на Војдан Чернодрински и ова нејзино второ изведување надвор од Скопје. Очекувам со публиката да го споделиме тоа што ние го мислиме и го чувствуваме.

Тука сум со една екипа која ми е многу драга и со која одамна не сум работел и со режисер кој исто така не сум работел една деценија. Сите импресии некако ми се поврзани со децениска математика.Охрид секогаш го поврзувам со некои мои почетоци што се однесува до првите златни маски, првите снимања првите филмови, така што имам чувство дека не сум направил толку голема пауза во Охрид. Публиката ја сметам како своја, изјави Ристановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.