Published: Friday, October 6, 2017 18:11
Претставник на шпанската влада во Каталонија се извини на оние кои беа повредени во неделата за време на референдумот – пренесува „BBC“.
Претставникот рекол дека се кае и се извинува од името на полицајците кои интервенирале.
Но, Енрик Мило ја обвини владата во Каталонија за одржување на незаконско гласање.
Во меѓувреме, Мадрид им олеснува на компаниите да ги преместат своите седишта од Каталонија.
Инаку, Каталонскиот парламент ќе ја игнорира забраната на шпанскиот суд и во понеделник ќе одржи расправа, објави претседателот на каталонската влада за надворешни работи Раул Ромева.




