НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коце Трајановски: Татко на градот во отровна магла

0
By Нова ТВ on October 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На својата прва градоначалничка функција доаѓа во 2002 година по минати два мандати како пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На чело на општина Гази Баба останува до 2009 кога го добива мандатот за градоначалник на Скопје. Од законодавниот дом во локалната самоуправа влезе тивко, без говори за паметење и  ретки се оние кои знаат дека Трајановски во политиката не почна како градоначалник.

Успешно се извлече од одговорноста за најголемиот дел од градбите од Скопје 2014 итро префрлајќи ги ингеренциите на општината Центар, но не се спаси целосно од етикетата „слуга“ на Никола Груевски за одредени проекти кои не му се припшуваа нему, ами на партискиот шеф: панорамско тркало, барокни фасади на зградите во Центар, палми  и плажи на Кејот на Вардар, па дури и хациенди на падините на Водно.

Оние кои добро го познават велат дека  тој „не е толку глупав човек“ и дека и еден од политичарите кои најдборо се носеле со „лудите идеи“ на Груевски. Неговиот глас беше еден од малккуте на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кој што не го чувме во „бомбите“ на опозицијата.

Кога станува збор за елементарната политичка култура, Трајановски остана со добри манири во однос на третманот кон новинарите коишто беа на црната листа на власта и не одбиваше да комуницира, ниту пак се служеше со зборите „предавници“ и „соросоиди“.

Татко на градот зацапан во отровна магла

Ако постои проблем којшто скопјани тешко му го простуваат, тоа е загадувањето на воздухот којшто за време на неговите два мандати успеа да го лансира Скопје на врвот на листата на најзагадени градови во Европа.

Градот Скопје одвои многу малку пари од градскиот буџет за мерки за намалување на загаденоста. Трајановски и министерството за животна средина постојано си ја префрлаа одговорноста кој треба да повлече нога за да се почне со мерки за намалување на загаденоста. Пар-непар никогаш не се воведе, субвенциониран превоз со градските автобуси имаше едвај една недела, од кои градоначалникот на Скопје, само два дена се возеше со автобус за да им даде пример на скопјани дека треба да користат јавен превоз.

Со дозвола на Трајановски се сечеа дрвја и се уништуваше парк-шумата Водно. Како градоначалник на Скопје, Трајановски реализираше неколку капитални инфраструктурни проекти што го олеснија движењето со возила низ главниот град, како на пример изградба на неколку кружни текови, проширување улици и булевари.

Во мандатот на Трајановски се склучи и матниот договор со Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ за јавно приватно партнерство на депонијата Дрисла. Компанијата веќе со години работи, а нема завршено ниту една обврска од она што го има предвидено во договорот. Наместо модерна депонија по европски стандарди, скопјани заглавија со депонија која не исполнува ниту еден еколошки стандард. Ова е воедно и најголемата корупцика афера којашто го обележа неговиот мандат.

Нема подземна сообраќајница

Еден од начините да се намали емисијата не штетни гасови кои излегуваат од возилата беше да се изгради подземна сообраќајница. До крајот на 2016 година, според ветувањата на Трајановски, Скопје требаше да има три подземни сообраќајници, но досега нема изградено ниту една.

Во интервју за порталот „Порта 3“, Трајановски рече дека неговиот втор градоначалнички мандат ќе го одбележи изградбата на подземната сообраќајница што ќе се протега од Комплексот банки до Мостот Гоце Делчев под кејот на реката Вардар.

„Според повикот, предмет на изградба ќе биде подземна сообраќајница од булеварот Кузман Јосифовски – Питу со раскрсницата со улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин, од булеварот Кочо Рацин преку кејот 13 Ноември и раскрсницата со булеварот Илинден и булеварот ВМРО, и трасата на сообраќајниот коридор до булеварот Партизански одреди преку булеварот ВМРО и дел од булеварот Илинден. Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. На овој капитален проект работиме веќе неколку години и тој ќе биде вистинска круна на сообраќајните решенија во Скопје“, изјави Трајановски во 2013 година.

Недомаќинско расфрлање со градскиот буџет

Голем дел од жителите на Скопје пијат вода од старите и отровни азбестни цевки. Покриеноста на градот со атмосферска канализација е премала, но затоа во 2011 година јавното претпријатие „Водовод и канализација“ со амин од Советот на Град Скопје се задолжи седум милиони евра за да ја доврши изградбата на барокна зграда на кејот на Вардар.

Наместо тоа, советниците на СДСМ предложија да се продаде идната управна зграда на ЈП „Водовод и канализација бидејќи со каматна стапка од 8 проценти на годишно ниво ова јавно претпријатие за десет години ќе треба да врати вкупно 10 милиони евра.

Зградата е веќе изградена, а административците од „Водовод“ пред неколку месеци се вселија во зградата.

Десетици милиони евра потроши Градот Скопје од Буџетот за реконструкција на фасадите во центарот на градот. Речиси сите згради во централното градско подрачје добија барокно руво. Голем дел од новите фасади кои беа направени од стиропор почнаа да се одронуваат само неколку месеци откако беа поставени.

Смртоносно отстуво на канализација

Една од најцрните точки, по кои ќе остане обележан вториот мандат како градоначалник на Скопје е поплавата која се случи во април 2016 година, во која животот го загубија 20 лица.

Меѓу загинатите во Стајковци, каде што воопшто не беа исчистени каналите, ниту пак имаше атмосферска канализација имаше жени, деца и постари лица. Ниту Трајановски, ниту пак тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски во чија општина влегува и Стајковци не преземаа одговорност за лицата кои животот го загубија во поплавата.

Трајановски ветува зелен и енергетски ефикасен град

Иако неговиот мандат го обележа токму непристојниот однос кон животната средина, Трајановски од скопјани ќе бара трет пат доверба со платорма за зелен и енергетски ефикасен град.

Во изборната програма за градот Скопје за периодот 2017-2021 Трајановски ветува над 200 проекти за Градот Скопје, за сите десет општини со прецизни рокови за реализација, опис и вредност, тука не се гледа ни политичка ни етничка припадност на граѓаните.

„Проекти за подигнување на нови парковски површини за зелено Скопје против загадувањето на воздухот, проширување на проектот ВелоСкопје со иновативни решенија преку изградба на нови велосипедски рути. Проекти за пренамена на фреквентни сообраќајници во пешачки зони во централното градско подрачје и мотивирање за поголема мобилност на граѓаните преку кампањата за „Денови без автомобили“, вели Трајановски.

Тој ветува дека големо внимание ќе посвети и на унапредувањето на јавниот превоз со подобри форми на употреба како електрични автобуси, безбеден за сите корисници и животната средина. Ветува и дополнителна изградба и проширување на булеварите.

„Скопје мора да дише воздух и затоа ветувам ќе направиме нови зелени површини и нови паркови од 500.000 метри квадратни. Приватните компании со автобуски превоз ќе бидат субвенционирани од Град Скопје за инсталирање на уреди со кои ќе се намали загадувањето на воздухот и ќе продолжиме со реконструкција на зеленилото покрај Кејот на Вардар, а ќе го реконструираме и комплетно вториот дел од Градскиот парк. Ќе субвенционираме набавка на нови 10.000 велосипеди за граѓаните на Скопје бидејќи поздраво и позелено Скопје е нашата определба“, ветува Трајановски.

Следува претставување и на останатите кандидати за  градоначалници на Град Скопје

 

Коце Трајановски локални избори 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.