Заедничкиот комитет на ЦЕФТА на утрешното заседание во Белград би требало да упати официјално барање до Македонија за укинување на мерките за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија, изјави државниот секретар од Министерството за земјоделство Данило Голубовиќ, објавува Тањуг.
Српската и македонската срана веќе постигнаа договор за делот на уредбата кој се однесува на тоа – ограночувањето на увозот на пченицата да се укине до 15 август, а на брашно до 1 септември, но сакаме тоа и официјално да го верифицираме за да нема недоразбирања, прецизираше Голубовиќ.
Владата на Македонија на почетокот на јули донесе официјална одлука увозот на српската пченица и брашно да се врзе со купувањето домашно брашно и пченица.
По таа одлука за килограм увезена пченица од други земји, со тоа и од Србија, на македонските увозници им беше наложено да купуваат три килограми домашна пченица, а за килограм брашно четири килограми пченица од домашно производство.