Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затруени 21 работник од штипската фабрика „Актива“

0
By Нова ТВ on October 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 7, 2017 18:25

21 работник од штипската фабрика „Актива“ завршија во болница поради симптоми на труење со храна, а Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја затвори фабричката менза. Првите знаци работниците ги почувствувале веднаш по ручекот и побарале медицинска помош. Од Клиничката болница велат дека работниците откако ја добиле соодветната терапија се пуштени на домашно лекување.

„Во текот на вчерашниот ден, од некаде од 13 часот до вечерта до 20 часот на инфективното одделение во штипската клиничка болница се имаат јавено 21 лице со симптоми на повраќање и дијареа. Укажана им е лекарска помош и сите се пуштени на домашно лекување“, изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница-Штип

Од раководството на фабриката велат дека сеуште се вршат испитувања и ги чекаат резултатите од санитарната инспекција. Се претпоставува дека труењето е од храна, за затоа и инспекторите вршат анализа на мострите земени од местото каде се приготвува храната од фирма специјализирана за тоа.

Сопственикот на компанијата „Актива“, Илија Николов, изјави дека ова им е прв случај на труење со храна, а уште вчера пријавиле во санитарната инспекција.

„Се вршат испитувања. Има претпоставки дека е од храната. Ги чекаме резултатите од Санитарната инспекција. Таа е на терен, од утринава вршат испитувања на местото каде се подготвува храната, што ние ја добиваме од фирма специјализирана за тоа. Ние како компанија веднаш реагиравме. По првите симптоми сите работници од наша страна се однесени во болница, а дел веќе се вратија и на работа“ , вели Илија Николов – сопственик на Актива.

Фабриката „Актива“ има 400 вработени и произведува делови за автобуси на белгиски „Ванхол“ и има погон за монтажни објекти.

Актива затруени работници фабрика Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.