Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2013“ даде награда за најдобра претстава на фестивалот на „Жени во народното собрание“ во изведба на Народниот театар од Суботица. Најдобар режисер е прогласен Никола Завишиќ, за суботичката претстава.
Наградата за најдобра женска улога „теракотна статуетка афродита“ и припадна на актерката Назан Јатгип за улогата на Мирина во претставата „Лисистрата“ на Градскиот театар од Истанбул.
Наградата за најдобра машка улога на фестивалот жири комисијата одлучи да му припадне на актерот Диме Илиев за улога во претставата „Евридика“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје.
На фестивалот беше доделена и специјална награда за сценско визуелна слика на фестивалот, која му припадна на Градскиот театар од Истанбул кој во Стоби премиерно ја изведе „Лисистрата“, за одличниот визуелен ефект песните и игрите и костимите во претставата.
На свеченото затворање на фестивалот синоќа во амфитеатарот во Стоби Турскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Шекспир во приказни“ во режија и кореографија на Кери К.Невзати.