Македонија ќе го стави својот потпис за Јужен тек, објави денеска премиерот Никола Груевски, кој заминува утре за Москва, каде што во вторник треба да биде потпишан договорот.
Груевски денеска соопшти дека Руската федерација ја информирала Владата дека се завршени сите постапки од нивна страна кои се неопходни за склучување на договор.
Сепак, дополнително треба да се утврдува со кој крак Македонија ќе биде приклучена кон „Јужен тек“, дали преку Бугарија или Србија.
Тоа, според Груевски, ќе биде одлука на „Гаспром“, а не наша.
Ова е втор обид за ставање потпис за Јужен тек, после првиот, кога, иако беше најавено од Владата, на економскиот самит во Санкт Петербург на крајот на јуни, Македонија не го потпиша договор со Русија за вклучување кон овој гасоводен проект.