Сали Бериша, поранешниот премиер и претседател на Албанија објави дека има информација за наводна трговија на органи од деца помлади од 18 години. Тој тврди дека информациите ги добил од полицаец кој побарал од него да помогне во спречувањето на овој криминал.
„Господине Бериша, ја сум полицаец на границата кај Кукс. Можете да спасите многу деца. На границата на Албанија со Косово криумчарат деца помлади од 18 година поради трансплатација на органи. Со фалсификувани изводи ги подмитуваат полицајците за 20.000 лека (околу 150 евра). Досега се шверцувани девет деца кои се киднапирани во сиромашни села. Те молам обелодени го ова и направи нешто„.
Бериша оваа порака ја објави на својот Фејсбук профил, повикувајќи го обвинителството да покрене истрага.
Не е прв пат во Албанија, да се објавуваат вакви наводи за трговија со органи. На постоење трговија со органи, во своите извештаи предупредуваше и Албанскиот омбдусман., а за тоа пишуваше и британскиот новинар Мајкл Монтгомери, а главниот обвинител на Меќународниот суд Карла Дел Понте, овие наводи ги објави во својата книга.
Долго време беше споменувана „жолтата куќа“ во близина на Бирел, имаше и тригодишна неофицијална истрага, но без цврсти докази за покренување официјална истрага. Пронајдените докази биле земени од истражителите на Меѓународниот суд и подоцна, кога неофицијалната истрагата била прекината биле уништени.
И на Косово во 2008 година во болницата „Медикус“ на перферијата во Приштина беа уапсени неколку доктори, како и висок функционер во министерството за здравство кои беа фатени како прават нелегални пресадувања на бубрези на богати израелски граѓани.
Бубрезите биле земани до сиромашни млади луѓе од Источна Европа и Турција. Групата беше разоткриена кога на аеродромот во Приштина беше пронајдено младо момче како се движи дезориентирано, кое го оставиле таму ден откако му го извадиле бубрегот. На затворски казни беа осудени сопственикот на клиниката „Медикус“ Љутфи Дервиши, неговиот син Арбен Дервиши и главниот анестезиолог во клиниката Сокол Хајдини, а други двајца добија помали затворски казни.





