Published: Wednesday, October 11, 2017 10:08
Најмалку 13 затвореници беа убиени во судир на две банди во бунт кој избил во затвор во северната мексиканска држава Нуево Леон.
Претставник на полицијата изјави дека неколкучасовните обиди не успеале да го задушат бунтот.
При инцидентот полицијата употребила огнено оружје за да ги заштитат животите на чуварите и затворениците.
Се уште не се знае колку затвореници се убиени во тепачката и колку од силите за безбедност, наведуваат извори од полицијата.




