За Србија време е да се отворат повеќе поглавја од преговорите за членство во Европската Унија.
Европската Комисија се очекува да го даде својот извештај за напредокот на Србија на почетокот од следната година.
Србија и Црна Гора се први на трката за влез во ЕУ во следниот круг на проширување кој би требало да се случи во 2025 година.
Но, една голема пречка останува, објаснува српската премиерка Ана Брнабиќ, а тоа е Косово.
– Тоа е многу чувствително прашање.Она што е многу важно за нас е Европската Комисија да остане неутрална по статусот на Косово и Метогија, тоа е темелот не само за дијалогот меѓу Белград и Приштина, каде Европската Комисија е медијатор, туку и за нашата европска интеграција – вели Брнабиќ.
За разлика од премиерката, некои српски националисти ја обвинија ЕУ за двојни стандарди, поради дозволувањето на независноста на Косово, но не и на Каталонија.
– Ние целосно се согласуваме со Европската Комисија за се што беше речено во врска со Шпанија и почитувајќи го Шпанскиот устав, почитувајќи ги меѓународното право и суверенитетот на Кралството Шпанија – вели Брнабиќ.
Она што ја загрижува Европската Унија е економското и политичкото влијание на Русија врз Србија и Црна Гора. Тоа е една од причините зошто Брисел го сфаќа зачленувањето на двете балкански земји толку сериозно.
– Ние не сме некаков Тројански коњ на Русија во ЕУ. Русија е наш важен трговски партнер и наш пријател, но ова во никој случај не влијае на нашата стратешка ЕУ интеграција – вели Брнабиќ.




