НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премостување на родовиот јаз во образованието

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Џулија Џилард (Julia Gillard)

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. И покрај тоа што повеќе жени се запишуваат на универзитети од мажи во 97 земји, жените претставуваат мнозинство на обучени работници во само 68 земји, а тие се мнозинство во лидерските структури во само четири земји.

Завршувањето на основно училиште во Нигер никогаш не било сигурна работа за Аишету Махмуду Хама, земајќи ги предвид сите пречки што ѝ биле на патот. „Учењето беше тешко“, се присетува таа. „Седевме на подот – некогаш на подлога, а некогаш директно на земја“. Но Аишету издржала, таа сега е 23 годишна студентка. Аишету знае дека без училиште, нејзините шанси во животот би биле ограничени на чување стока, земјоделство, стапување во брак и раѓање многу деца. Едноставно не би постоеле други можности за неа. Исто како учителките кои ја поттикнале Аишету да учи, таа сака да биде пример за други помлади девојки и за нејзините браќа и сестри. Таа се надева дека нејзината приказна ќе ги мотивира и тие да го завршат нивното образование.

По повод Меѓународниот ден на девојчето – 11 октомври, Аишету е доказ за тоа колкава разлика може да направи образованието за девојчињата и за луѓето околу нив. Сепак, пречките што Аишету ги надминала исто така нè потсетуваат дека образованието и ден денешен е недостижно за преголем број на девојчиња.

Земете ги предвид овие вџасувачки статистички податоци: Бројот на девојчиња кои не одат на училиште, и покрај тоа што е опаднат за 40% од 2000-та година, и натаму изнесува 130 милиони. Со тоа полесно се објаснува зошто жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа и зошто процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите.

За нештата да бидат уште полоши, дури и во местата каде има значително зголемена пристапност на образование за девојчиња, пропорционалните подобрувања за жените на пазарот на труд и натаму се неостварени. Според една студија од 2015 година, направена од Светскиот економски форум, „и покрај тоа што повеќе жени се запишуваат на универзитети од мажи во 97 земји, жените претставуваат мнозинство на обучени работници во само 68 земји, а тие се мнозинство во лидерските структури во само четири земји“.

Овие родови разлики претставуваат важен генерациски предизвик како за големите така и за малите бизниси. Ширум светот, компаниите веќе тешко наоѓаат доволно квалификувани работници за нивните работни процеси што стануваат сè повеќе автоматизирани. Меѓународната комисија за финансирање на глобална можност за образование минатата година изјави дека скоро 40% од работодавците имаат тешкотии да најдат работници со соодветни квалификации.

На компаниите кои инвестираат во земји со пониски приходи исто така им е потребно работниците да се здрави. Веројатноста за тоа е поголема кога мајките се образовани: тие и нивните семејства најчесто се поздрави во споредба со семејства со помалку образовани мајки. Всушност, истражувањето покажува дека ако сите жени кои се во возраст во која можат да раѓаат деца завршат средно образование, бројот на деца кои умираат пред петтата година би опаднал за околу 350 илјади деца годишно.

Поради тоа, компаниите кои инвестираат во земји во развој и земји кои се нови на пазарот и во кои живеат најголем број на девојчиња кои не одат на училиште имаат интерес да им помогнат на девојчињата да го добијат образованието што тие го заслужуваат. Ако се подобрат образовните исходи, најверојатно многу повеќе жени ќе се стремат да ги добијат техничките доквалификации што се барани на пазарот на труд денес.

За да вклучиме уште 130 милиони девојчиња во училиштата, ќе мора да надминеме голем број на вкоренети пречки. Во многу земји, образованието за девојчињата не се смета за нешто важно, поради очекувањата тие да работат само дома или на семејните фарми. Брак на многу млада возраст, сексуални напади, недоволно санитарни услови за девојчиња кои се во менструација и хуманитарните кризи се само дел од факторите кои предизвикуваат образованието за девојчиња да биде потешко отколку образованието за момчиња. Особено во места кои се далечни и изолирани, давачките за училиште и мачното патување претставуваат дополнителни предизвици.

Дури и ако овие културни, политички и географски пречки може да се надминат, побогатите земји ќе мора да обезбедат многу повеќе ресурси за образување на девојчиња во економиите во развој отколку што обезбедувале во минатото. Изненадува фактот што уделот на развојна помош од странски донаторски земји кој е наменет за образование се намалил во последните шест години, и тој сега е помал отколку што бил во 2010 година. Земјите донатори итно треба да ја сменат насоката на тој тренд.

Глобалното партнерство за образование беше еден од водечките катализатори за образување девојчиња во текот на изминатите петнаесет години. Благодарение на финансирањето од ГПО, дополнителни 38 милиони девојчиња од земји што се во развој биле запишани во основно училиште од 2002 до 2014 година.

За да се продолжи со таквиот напредок, ГПО ќе одржи финансирачка конференција, која ќе биде организирани од две влади домаќини – владата на Сенегал и владата на Франција, на 8 февруари 2018 година, во Дакар. Апелираме до донаторите од целиот свет да ни помогнат да стигнеме до годишен фонд од 2 милијарди американски долари до 2020 година.

Со доволно финансии, ГПО може да ги поддржи образовните потреби на 870 милиони деца во повеќе од 80 земји. Исто така, може да помогне на земјите во развој да изградат образовни системи кои ќе им дадат можност на девојчињата како Аишету да го остварат својот потенцијал. Кога девојчињата и жените добиваат моќ преку образование, тие можат и го менуваат светот на подобро. Инвестирањето во нивниот потенцијал е ставање пари на облог кој води до сигурна добивка.

Џулија Џилард, поранешен премиер на Австралија, е претседавач на одборот на Глобално партнерство за образование.

*Преземено од блогот Рес Публика

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.