Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е Марија Џонс и што им ветува на скопјани

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 13, 2017 15:16

Првата жена кандидат за градоначалник на Град Скопје, скопјанката Марија Џонс – една од основачите на партијата Левица, во јавноста стана позната по нејзиниот активизам и добрите говори што ги имаше на протестите против Законот за хонорарци во 2015 година.

Скопјани ја познаваат Џонс по нејзиниот активизам и учеството на протестите против измените во Законот за хонорарци.

„Кога ќе се соочите со неправда и со апсурди и кога ќе запознаете млади луѓе кои сето тоа го претрпеле на свој грб, а не станале корумпирани циници, тоа ви дава надеж“, рече Џонс.

Џонс веќе 20 години работи како хонорарен преведувач.

Таа за себе велеше дека „филмот ѝ пукнал летото 2014 кога Владата го наметна Законот за хонорарци“.

Марија Џонс беше носител на листата за пратеници на Левица во изборната единица 3, но на парламентарните избори кои се одржаа во 2015 година, ниту еден од кандидатите на оваа партија, не влезе во Собранието.

Во својата предизборна програма, таа на скопјани им ветува унапредување на велосипедската култура. Поставување на апсорбери од мов City Tree на отровните ПМ 2.5 и ПМ 10  честички на сите поголеми крстосници и поставување на зелени покриви и инфраструктура.

Во делот за транспорт и инфраструктура Џонс ветува подигнување на нивоата на тротоарите во централното градско јадро како превентивна мерка за заштита на тротоарите. За спорт и рекреација, Џонс ветува два базена во населби кои се уште немаат базен и обновување на лизгалиштето под Кале.

За подобрување на образованието, Џонс вели дека ќе се изгради Народна опсерваторија за популаризација на науката и техниката.

Џонс ветува и дека Скопје постепено ќе премине на целосно соларно улично осветлување, дека ќе се подобри и зголеми поддршката и стандардите на традиционалните иницирања на културни содржини во градот.

Едно од ветувањата на Џонс е дека ќе се изгради или пренамени општински објект во кој ќе бидат сместени загрозените лица. Во овој контекст таа најавува соработка со претпријатија кои работат со храна за организирани донации за овие лица.

Џонс на овие локални избори ќе трка со Петре Шилегов од СДСМ, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Шехтански од ТМРО, Беким Фалзиу од ДПА, Нафије Селмани од БЕСА, Наим Бајрами од Алијанса на Албанците и Ѓорѓи Тодоров од НДМ.

Левица локални избори 2017 Марија Џонс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.