По барање на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, Основниот суд Скопје 1 ги одложи рочиштата за три предмети, меѓу кои е и „Диво насеље“, за кои следната недела требаше да бидат соопштени пресудите.
МВР и БЈБ го побарале тоа поради зголемен ангажман на полициските службеници за време на локалните избори и обезбедување на делегации од странство.
Судот одлучи пресудата за „Диво насеље“ наместо овој вторник, да биде објавена на 2 ноември.