НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори Австрија: Курц најголем фаворит – земјата свртува десно

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Себастијан Курц, актуелниот министер за надворешни работи на Австрија има најголеми шанси да стане новиот канцелар на државата, покажуваат анкетите пред денешните парламентарни избори.

Последните анкети покажуваат 33 отсто поддршка за Народната партија (ОФП) на чие чело, пред половина година, застана Курц, 27 отсто за радикалната десница претставена преку Партијата на слободата (ОФП) чиј лидер е Ханс Кристијан Штрахе и 23 отсто поддршка дале за досега доминантната Социјалдемократската партија (СПО) на чело со Кристијан Керн, кој истовремено е и вршител на должност канцелар. Прашањето што го наметнува печатот во Австрија не е дали, туку колку Австрија практично ќе сврти кон десно по денешниот ден.

Медиумите и аналитичарите причината за очекуваното свртување кон десно на Австрија ја гледаат во мигрантската криза која предизвика страв кај Австријците дека нивната благосостојба, но и вредностите меѓу кои и религијата, се загрозени.

Лидерот на Народната партија, 31-годишниот Курц, според аналитичарите, од таа состојба извлече двојна корист. Најголемиот адут со кој настапуваше во сите телевизиски дуели е отворањето на вратите за мигранти во 2015 година со што Австрија ја инклузивноста како вредност и сега Курц ги има симпатиите на мигрантите.

Австрија во валкана изборна кампања

Од друга страна, во настапите на партиските митинзи низ градовите, тој им ветува на австриските граѓани дека ќе го запре нелегалниот влез на мигранти и приливот ќе се стави под контрола.

Во однос на бројот на бегалци и доселеници, официјалната статистика од 2016 година покажува дека во Виена, каде практично и живеат најмногу мигранти, 72,6 отсто се Австријци. Од заедницата имигранти, 4,1 отсто се Срби, 2,5 отсто Турци, 2,3 отсто мигранти од Германија, 2,2 отсто од Полска, 1,5 од Романија 1,2 БиХ и по 1,1 отсто Хрватска и Унгарија.

Во Австрија право на глас имаат 6,4 милиони жители. Ако биде избран за канцелар, Курц  ќе биде еден од најмладите претседатели на влади во светот.

Австрија избори Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.