Претседателот на Јужен Судан Салва Кир ја распушти Владата, го разреши заменик-претседателот и го повлече неговиот главен преговарач во разговорите за намалување на тензиите со Судан.
Претседателот донесе указ со кој ги спроведе овие мерки, јави јужносуданската државна телевизија, која прецизираше дека министерствата ќе бидат раководени од замениците-министри.
Оваа одлука следеше откако Јужен Судан претходно соопшти дека целосно ќе ја прекине работата на нафтената индустрија следната недела, пред истекувањето на крајниот рок, кој Судан го постави, наредувајќи им на компаниите на своја територија да не ја примаат јужносуданска нафта.
Тамошниот министер за нафта Стивен Де Дау изјави вчера дека неговата земја го стопира производството на нафта пред август и дека работата на нафтениот сектор на Јужен Судан целосно ќе запре до 31 јули.
Ова ќе биде втор голем прекин на работата на секторот по мирното одделување на Судан и Јужен Судан во 2011 година.