Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во својата 26 година од животот, во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, во Хрватска. Пејачот спиеше во џип кој беше управуван од возачот Горѓи Горѓиевски кога удри во шлепер кој се наоѓаше пред него.
Тоше со неговиот ангелски глас во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на UNICEF. Тој е добитник на Хуманитарната награда Мајка Тереза.
Во текот на својата кариера Тоше сними десет албуми, а последниот на кој работеше беше „Игри без граници“. После неговата смрт беа објавени уште три албуми со негови песни.
Тоше студираше соло пеење на академијата во Скопје како еден од најдобрите студенти во својата генерација, а својот прекрасен вокал продолжи да го усовршува во Њујорк, кај познатиот професор по пеење Вилијам Реј, кој го подучувал и Лучијано Павароти.
На овој тажен ден да се потсетиме на најубавите песни на нашиот Тоше.