„Швајцарија Оупен“ му се заблагодари на Роџер Федерер за неговото учество во турнирот кое го пријави со мало задоцнување, подарувајќи му крава. Кравата се вика Дезире.
Ова не е прв случај крава да ја згазне подлогата на тениското игралиште, а воедно и не е првата крава „миленик“ за Федерер, кој ќе настапува на турнирот за прв пат после 2004 година.
По враќањето како победник од турнирот „Вимблдон“ во 2003, шокираниот Роџер за награда ја доби кравата кој самиот ја нарече Џулиет.
Џулиет остана во селото Гстад, а ја одгледуваше фармер. Кравата дури донесе на свет и теле кое Роџер го крсти Еделвајс.
„Сега треба да најдам гаража за кравата, иако не знам како гаражата наменета за ова животно воопшто и изгледа“, се шегуваше Федерер тогаш.
Запрашан за тоа како живее неговата говедска фамилија, поранешниот прв рекет изјави дека сега е без ниту една крава.
„Таа повеќе не е овде“, изјави Федерер на „Австралија Оупен“. „Не сте информирани, таа одамна замина. Мислам дека и нејзината ќерка исто така“, рече Федерер.