Искршени клупи и сообраќајни знаци, превртени контејнери, откорнати плочки и голем неред оставија зад себе демонстрантите во Софија, кој полицијата мораше да го расчистува утринава.
„Полицијата реагираше на соодветен начин, иако демонстрантите се однесуваа агресивно“, изјави пред новинарите министерот за внатрешни работи Цветин Јовчев.
>>Полицијата ги евакуираше бугарските пратениците
Жестоките протести против актуелната власт во Бугарија, кои траат веќе 40 дена, синоќа отидоа чекор понапред – во зградата на Парламентот беа држени под опсада повеќе од седум часа стотина бугарски политичари, министри и новинари.
Полицијата ги евакуираше пратениците рано утрово, а екипите почнаа да ги расклопуваат импровизираните барикади кои демонстрантите ги подигнаа за да го пресечат пристапот до зградата на парламентот. Претходно, демонстрантите успеаја да го спречат обидот на полицијата да се евакуираат пратениците со автобус.
Демонстрантите извикуваа “мафија!”, поднеси оставка! и ” убијци “. Најмалку осум од нив и двајца полицајци се повредени во судирите.
Највиот бран протести во Бугарија беше поредизвикан по одлуката на Владата медиумски тајкун да биде именува за шеф на безбедносните служби.