НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР: На изборите беа почитувани темелните слободи

1
By Нова ТВ on October 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Локалните избори во Република Македонија беа конкурентни, темелните слободи почитувани и покрај кредибилни наводи за прекршоци, соопштија на денешната прес-конференција меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и од делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа.

„Одржувањето на локалните избори придонесе кон зајакнување на довербата во демократскиот процес. Изборите се одржаа во конкурентно опкружување каде кандидатите генерално можеа да водат кампања без ограничувања, а темелните слободи на здружување и изразување беа севкупно почитувани.

Некои кредибилни наводи за купување гласови, притисок врз гласачите и изолирани случаи на насилство се случија во предизборниот период. Мониторираните медиуми понудија непристрасно покривање на натпреварувачите и ја потпомогнаа можноста за политичка дебата. Иако беа воочени некои процедурални нерегуларности, изборниот ден главно протече уредно“, наведоа набљудувачите во нивната прелиминарна изјава за изборите.

Карим Ван Овермеире, шеф на делегацијата од Конгресот на локални и регионални власти при СЕ, истакна дека вчерашните избори беа добро организирани, севкупно мирни и генерално во согласност со меѓународните стандарди.

Одри Гловер, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, истакна дека иако процесот се уште не е завршен, на овие избори е забележан напредок во демократскиот процес во земјата и оти довербата на гласачите во изборниот процес расте.

– Се надеваме дека ова ќе продолжи и во вториот круг – рече амбасадорката Гловер.

За тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности, претставниците на ОБСЕ/ОДИХР и на Советот на Европа со став дека избори без неправилности се невозможни. Сепак, тие сметаат дека севкупната слика покажува дека ова беа добро организирани и мирни избори,  а доколку има фактички докази за нерегуларности набљудувачите на ОБСЕ ќе ги следат, како и евентуалното покренување постапки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.