Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонската Влада нема до четврток да одговори на барањата на Мадрид

0
By Нова ТВ on October 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 16, 2017 17:24

Каталонските власти нема до четврток да му одговорат на Мадрид дали минатата недела објавија независност на автономната област од Шпанија, јави каталонската телевизија ТВЕ 3, повикувајќи се на анонимни извори.

Мадрид ултимативно побара од премиерот на Каталонија Карлес Пучдемон денеска до 10 часот јасно да одговори со „да“ или „не“ – дали е прогласена независноста на областа. Пучдемон не го исполни ова барање. Сега веќе тече и вториот рок, кој Мадрид му го даде на Пучдемон до четврток да се премисли, ако инсистира на независност.

Ако тоа не се случи, Мадрид има право да го употреби членот 155 од Уставот, со кој се овозможува да се ограничи автономијата на областа.

Пучдемон рече дека Каталонија пристапува кон прогласување независност, но предложи замрзнување на тоа прогласување за неколку недели за да се овозможи дијалог за посредување со шпанската Влада.

Каталонската сепаратистичка група Асамблеа Насионал Каталана го повика Пучдемон да ги игнорира предупредувањата од централната влада и дефинитивно да прогласи независност истакнувајќи дека понатамошно суспендирање на прогласувањето „нема смисла“.

Ист апел до него упати и клучниот политички сојузник во владејачката сепаратисчка коалиција во Каталонија – Кандидатура за народно единство, кои во писмо го повикаа Пучдемон дефинитивно да прогласи независност од Мадрид.

Каталонскиот лидер денеска испрати и писмо до шпанскиот премиер Маријано Рахој во кое бара два месеца одлагање на прогласувањето независност заради разговори со централната Влада на Шпанија.

Пучдемон, во писмото на четири страници, повикува на завршување на „репресијата над каталонскиот народ“ и на одржување состанок со шпанскиот премиер Рахој за да разговараат за состојбата во Каталонија и да постигнат договор.

Тој наведува дека дијалогот би требало да се одвива во текот на наредните два месеца и притоа побара од шпанскиот премиер да ја стопира судската постапка против шефот на каталонската полиција.

– Нашата понуда за дијалог е искрена и покрај се што се случи, напиша Пучдемон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.