Вечерва на младиот џез-музичар Виктор Филиповски, тапанар во бендот Фиерс, ќе му биде доделена наградата “Golden oryx“ за најдобар џез-музичар за 2017 година.
Доделувањето на наградата го организира Скопје џез- фестивал во соработка со Qatar Airways.
По повод доделувањето на наградата ќе настапи квартетот во кој членови се: Тони Китановски-гитара, Кирил Кузманов- саксофон, Иван Бејков-бас, како и наградениот Филиповски.
Скопскиот џез фестивал за првпат годинава ја воведува оваа награда.