Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина примабалерината во пензија Јагода Сланева

0
By Нова ТВ on October 17, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 17, 2017 16:19

Денеска во Скопје на 68 годишна возраст почина примабалерината во пензија и кореографка Јагода Сланева, соопшти Македонската опера и балет.

Сланева е дел од првата генерација ученици на Балетот при Македонскиот народен театар. Го завршува Средното балетско училиште во Скопје во класата на Јуриј Мјачин, професор-гостин од Санкт Петербург. Кариерата ја започна во 1968 со изведба на „Па де де“ од балетот „Оревокршачка“ на музика на П. И. Чајковски, а ја завршува во 1992 со улогата на Марија во балетот „Бахчисарајска фонтана“.

Во својата извонредно богата кариера, Јагода Сланева играше главни улоги во најзначајните балети од железниот репертоар на класичната балетска уметност, како Жизел во балетот „Жизел”, Китри во „Дон Кихот” , Јулија во „Ромео и Јулија”, Кармен во „Кармен”, насловните улоги во балетите: „Легенда за љубовта“, „Ѓаволеста девојка”, „Мирандолина”, „Лабин и Дојрана”, „Песна над Песните”, како и други модерни балети.

Како примабалерина на македонскиот балет таа гостува на различни сцени во Франција, Германија, Полска, Романија, Канада, Словенија, Србија, Хрватска и други земји. Работеше и како педагог-репетитор во МНТ во 2006, а како кореографка соработува на повеќе театарски претстави во повеќе театарски куќи во Македонија, како и на повеќе проекти во независна продукција. Освен тоа, Сланева има богата ТВ продукција во Македонската телевизија.

Во април годинава, примабалерината Сланева ја доби наградата „Менада“ за врвни достигнувања во балетската уметност од скопскиот фестивал Танц Фест 2017.

Комеморацијата по повод смртта на Јагода Сланева ќе се одржи на 19 октомври во МОБ, во 11 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел, од 13:30- 14:30 часот, а погребот ќе се изврши во 14:30 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.