Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров на денешната прес-конференција предложи намалување цената на парнотот греење од 1 август годинава за 2,82 отсто за корисниците на „Балкан енерџи груп“, 2,12 за „Скопје Север“ и за 0,71 отсто за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ – Енергетика“.
Цената согласно најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5 отсто.
Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов.