Според руски извори, поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, добил дозвола од руските власти да го напушти аеродром.
Руската РИА Новости како и Ројтерс, велат миграционите документи го потврдуваат неговото барање за азил, за тој да ја премине руската граница.
Според агенцијата Интерфакс, Сноуден би можел да го напушти аеродромот „Шереметјево“ во следните неколку часа.
„Американецот се подготвува да замине. Обезебедена му е нова облека“, соопштуваат од Интерфакс.
Според Анатоли Кучерна, адвокатот кој му помага на Сноуден, сеуште не е безбедно за негово патување во Латинска Америка, поради можноста на САД да го депортира назад во земјата.
„Своето одобрение да го напушти аеродромот би требало да го добие во секој момент“, изјави Кучерна.
РИА Новости цитираше извори од руската граница кои велат дека во моментот кога ќе го претстави документот, ќе му биде дозволено да ја напушти транзитната зона.
Венецуела, Боливија, Никарагва, се некои од земјите кои изјавија дека би го одобриле неговото барање за азил, но ниедна од дестинациите не е достапна преку директен лет.