НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е меѓу најмалку задолжените земји

0
By Нова ТВ on July 24, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Наместо конструктивност, СДСМ излегува со нецелосни информации за да ја дезинформира јавноста. Зборуваат за аукција на државни хартии од вредност од 20 милиони евра, но занемаруваат да кажат дека веќе денес во стопанството се вратени 18,8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот прес на потпретседателот на опозициската партија, Ванчо Узунов.

„Сосема предвидливо од СДСМ е секогаш кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне успех и ќе направи чекор напред за подобар живот и иднина на овој народ, тие да излезат со режирани прес конференции за да ја прикажат Владата во негативно светло.

– Очекувавме барам малку доблест од СДСМ да го поздрават потпишувањето на договорот за Јужен тек, договор кои ќе ја обезбеди енергетската стабилност на сите нас и нашите поколенија, договор кој ќе обезбеди ефтин енергенс и подобрување на стандардот на граѓаните, како и поголема рентабилност на производството на домашната индустрија.

– Сепак СДСМ е далеку од таа политичка култура. Како економист и професор тој сигурно знае дека преку издавањето на хартии од вредност се врши пеглање на билансите и дека така работат сите економии во Европа и светот.

– Исто така Узунов заборави да спомене дека Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во Европа. За ниската задолженост добивме признание и од Светска банка и од ММФ.

Узунов исто така заборави да спомене дека Македонија е единствената земја во регионот која пристапи да го решава и го реши, проблемот со обврските кон стопанството. Од Буџетот на Република Македонија редовно се исплаќаат плати, пензии, субвенции, се врши поврат на ДДВ.

– Сето тоа се случува во време на европска економска криза, а притоа Македонија е случај на земја која ја задржа стапката на најниски даноци во Европа, кога многу поразвиени економии ги покачија даноците.

– Болката на СДСМ е разбирлива. Посветеноста и упорноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да овозможи подобар живот на своите граѓани дава резултати, вроди со плод, впрочем секогаш така е кога се работи добронамерно за својот народ. Тоа е нешто што на СДСМ никогаш не му тргнало од рака, затоа и ваквата реакција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.