Во полициската станица Бит пазар е извршен разговор со десет лица за синоќешниот инцидент на бул. Крсте Мисирков во автобус на ЈСП бр.50, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението на МВР се вели дека седум од лицата биле малолетни, а три полнолетни, меѓу кои бил и возачот на автобусот.
Тројцата повредени во тепачката по укажаната лекарска помош на Ургентниот центар се пуштени на домашно лекување.
МВР претходно соопшти дека за инцидентот во градскиот автобус е приведено и едно лице.
Како што информираа, група лица синоќа нападнале патници во автобус бр. 50 на ЈСП на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје кај 26-ти Јули, предизвикале сообраќајка на автобусот и продолжиле со тепачка на постојката.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.