Финансиски претставници, наводно, организирале рација во Коч Тупрас Холдинг, кој беше најавен како најголема компанија на Турција еден ден претходно, поради наводите за производство на шверцувано гориво, јавува Анталија Централ.
Службени лица на Министерството за финансии вршат пребарувања во турската рафинерија за нафта ,Тупрас, придружувани од 20 полицајци и специјалисти за гориво од раните утрински часови утрово, врз основа на судска одлука.
Извршниот директор на Тупрас, Јавуз Еркут, за Вол Стрит Џурнал изјави дека полициските сили и финансиските власти преземаат истрага во компанијата, но и дека истрагата е редовна.
Tупрас Холдинг е сопственост на Коч Холдинг, односно на Коч семејството, познато во Македонија со сопственоста на трговскиот центар во Скопје, Рамстор.