Околу 60 луѓе се убиени во двата одделни напади на џамии денеска во Авганистан.
Бомбаш самоубиец уби најмалку 30 верници во шиитска џамија во Кабул. Вториот напад се случи во сунитска џамија во провинцијата Гор, при што беа убиени 20 луѓе.
Сведок за „BBC“ вели дека глетката кај Имам Заман џамијата во западниот дел на градот е како „борбен фронт“.
Напаѓачот прво отворил оган кон верниците кои присуствувале на петочната молитва, а потоа ја активирал бомбата.
Засега никоја организација не презеде орговорност за нападот, но се претпоставува дека станува збор за организацијата Исламска Држава, која која ги одбира шиитските џамии низ Авганистан.
Нападот доаѓа само неколку денови откако полицијата во Кабул соопшти дека уапсла потенцијален терорист кој би требало да изврши напад со камион




