Само неколку месеци откако Кина ја потресе веста за мажот кој што киндапираше и уби двомесечно бебе, од Пекинг нова вест за уште едно брутално убиство.
Како што јавуваат тамошните медиуми, 41-годишен бивши затвореник, по расправијата за паркинг место, видно нервозен извадил двегодишно дете од количка и буквално го удрил од земја.
Идентификуван како Хан , мажот сакал да паркира покрај автобуска станица, но на тоа место се наоѓала мајка која проверувала дали е се во ред со нејзиното дете.
Хан излегол од возилото, ја удрил жената, а потоа го извадил детето од количката и го фрлил на земја.
Двегодишното дете починало после неколку часа поминати вои болница. Хан е приведен и му се заканува смртна казна.