Published: Wednesday, October 25, 2017 18:45
Европската перспектива на Косово, како и на целиот регион, е приоритет на САД, изјави заменик помошниот државен секретар на САД, Хојт Ји, по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Хојт Ји денеска во Приштина повторно истакна дека САД ќе продолжат со целосна поддршка на Косово.
Тачи, како што беше објавено на неговата веб-страница, истакнал дека продолжувањето на американската поддршка на Приштина и регионот останува „клучот на мирот и стабилноста“.
– Ние сме благодарни за постојаната поддршка на САД во сите значајни сектори во Косово, рече Тачи.
На средбата, Тачи и Ји разговарале за дијалогот со Белград, билатералните односи, улогата на САД во регионот, евроатланската перспектива на Косово и за други прашања од взаемен интерес.




