Eден од лидерите на туниската опозиција, Мохамед Брахми, е убиен денеска во главниот град на Тунис, соопштија извори од неговата националистичка секуларна Национална партија.
Брахми бил застерелан од вооружени лица од мотор во движење кои испукале 11 куршуми кон него.
Тунискиот опозиционер бил застрелан близу неговиот дом, пред очите на сопругата и неговата ќерка. Се уште нема информации кој стои зад нападот.
Ова е второ убиство на секуларен политичар во Тунис годинава. Пред шест месеци беше убиен Чокри Белаид, што предизвка бран од протести ширум Тунис.