Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одлуката за независност на Каталонија, Пучдемон ја препушта на Парламентот

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 26, 2017 17:58

Лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон нагласи денеска дека одлучил да не свика парламентарни избори кои би можеле да ги отстранат тензиите со шпанската влада.

Тој истакна дека таквата одлука ја препушта на Парламентот, односно на парламентарното мнозинство.

Каталонскиот премиер денеска рече дека размислувал да побара предвремени избори, но не ја донел таквата одлука затоа што не добил доволно гаранции дека владините „навредливи” потези за преземање контролата врз Каталонија ќе бидат суспендирани.

Пучдемон потенцираше дека тој не добил никакви гаранции дека членот 155 од Уставот нема да биде активиран или дека „репресијата“ би завршила доколку бидат распишани избори.

Претседателот на каталонската Влада изрази жалење поради „навредливиот и неправеден“ обид на Шпанија да го „искорени“ самоуправувањето на областа, дополнувајќи дека тоа нема да биде прифатено.

– Жалиме затоа што одговорност е побарана само од едната страна, додека на другата и е дозволено да се однесува целосно неодговорно, истакна тој.

Во кусиот говор во Барселона, сепаратистичкиот лидер рече дека регионалниот парламент сега ќе одлучи како да одговори на планот на шпанските власти за преземање на ингеренциите од регионалната Влада во Барселона.

Мерките без преседан треба да бидат одобрени утре во Мадрид и ќе доведат до прва директна интервенција од страна на централните власти во работите на еден од 17-те автономни региони во земјата. Конзервативната влада на Шпанија понуди да ги запре вонредните мерки ако се одржат нови избори во Каталонија, но неодамна се повлече од тоа.

Претходно, Пучдемон најави дека ќе има телевизиско обраќање поради широко распространетите спекулации дека тој ќе распише избори и на тој начин ќе сигнализира голема отстапка во спорот околу притисокот на Каталонија за отцепување. Тоа обраќање подоцна беше откажана. Неколку часа подоцна, Пучдемон се појави пред новинарите да се соберат во владината палата на Каталонија и, во краток говор, ја отфрли можноста за нови избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.