НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од полноќ изборен молк

0
By Нова ТВ on October 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од ноќеска на полноќ стапува изборниот молк, пред вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат в недела.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажуваат дека од полноќ кога почнува изборниот молк што трае до 19 часот во недела на 29 октомври 2017 година медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување.

– При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле  изборниот  молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, соопштуваат од Агенцијата.

Агенцијата очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја приспособат својата програма за изборниот молк.

Вториот круг од локалните избори во Македонија ќе се спроведува на 1.517 избирачки места во 35 општини, каде право на глас имаат 833.710 граѓани.

Во Скопје ќе се гласа во општините Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир и Сарај, а право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг ќе гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.

Изборната кампања за вториот круг завршува утревечер, на 27 октомври во 24 часот, по што следи изборниот молк кој трае до завршувањето на изборите во 19 часот на 29 октомври.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани градоначалници на Скопје и на 45 општини.

АВМЅ изборен молк локални избори 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.