По повод прославата на 94 години постоење на Република Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган положи цвеќе во Анкара во мавзолејот на основачкот на Турската република Мустафа Ќемал Ататурк. Ердоган бил придружуван од претседателот на Големото народно собрание Исмаил Кахраман, премиерот Бинали Јилдирим, началникот на генералштабот на турската армија Хулуси Акар, претседатели на партии, претставници на турските судски институции, владата, други високи команданти во армијата и полицијата.
Фотографија: Мустафа Ќемал Ататурк на 10-годишнината од основањето на Република Турција, говор пред собранието
Ердоган во мавзолејот положи цвеќе додека се интонираше турската химна, по што на Ататурк му се оддаде почест со молчење од eдна минута. За време на церемонијата во мавзолејот беа пуштени и голем број на граѓани. Ердоган се потпишал и во книгата за впечатоци во мавзолејот. Тој напишал како Турција „и денеска исправено стои, исто како и пред 94 години“.
Манифестацијата за одбележување на 29 октомври, денот на Републиката, ќе продолжи со повеќе свечености како во Турција, така и во Турската република Северен Кипар.
Планирано е централниот прием да се одржи во претседателската палата во Анкара, а свечености и приеми ќе има и низ турските амбасади во светот. Секоја година Турција го одбележува 29 октомври како денот на Републиката. На тој ден пред 94 години Ќемал Ататурк официјално ја прогласил републиката, а Големото народно собрание го избрало за прв претседател на Република Турција.




