Филмот „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски ќе биде прикажан на филмскиот фестивал „Една земја, еден филм“ во Апшат, Франција, проекцијата е закажана за идната среда.
Филмот на Поповски, кој помина неверојатна голгота на подготовки од 2001 година, кога се роди идејата за негово снимање, до конечната реализација, премиерно беше прикажан лани на фестивалот „Браќа Манаки“, но со работна верзија и непрофесионално сработен тон.
Работната верзија на филмот беше прикажана и на маркетот на ланскиот „Берлински филмски фестивал“.
Неговата скопска премиера е најавена за крајот на септември, а во меѓувреме се очекуваат и неколку учества на европски фестивали.