Пол Менафор, поранешен менаџер на претседателската кампања на Доналд Трамп, е обвинет за учество во финансиска измама на САД во неговото работење со Украина.
Дванаесетте обвиненија против Менафор и еден од неговите финанскиски соработници Рик Гејтс, вклучуваат перење пари.
Еден друг од советниците на Трамп, месецов призна дека лажел за неговата поврзаност со Русија.
Џорџ Пападопулос призна дека е виновен за давање лажни искази на агентите на ФБИ, за неговите работи со неименуван прекуокенски академик кој го информирал за руското поседување на „валкани информации“ за Хилари Клинтон, која беше опонент на Трамп на изборите.
Обвиненијата против Менафор и Хејтс не се поврзани со кампањата на Трамп, туку со потенцијалните неисплати на неколку бизнис зделки со Украина во 2016 година.
Менафор има работено неколку републикански претседателски кампањи, почнувајќи со Џералд Форд во 1976 година.
Тој се откажа од водењето на кампањата на Трамп во август 2016 година, откако беше обвинет за негова соработка со про-руски политичари во Украина. Тој негира секакви манипулации.
Американските разузнавачки агенции веруваат дека руската влада барала помош за Трамп да победи на изборите.




