Обвинителите побараа куќен притвор за Менафор и Гејтс, додека го чекаат нивното следно судење на 2 ноември – пренесе „BBC“.
Кауцијата за Менафор е 10 милиони долари, а за Гејтс 5 милиони. И двајцата се изјаснија како невини по дванаесетте обвиненија.
Адвокатот на Менафор ги нарече „смешни“ обвиненијата против неговиот клиент.
Украинскиот новинар и политичар, Серхиј Лешченко, кој помогна во разоткривањето на тајните плаќања на Менафор на поранешниот украински претседател Виктор Јануковиќ, ги нарече обвиненијата против Менафор „одлични вести“.
– Многу сум задоволен, затоа што Менафор беше вклучен во високо ниво на корупција во Украина – изјавил Лешченко за Радио Слободна Европа.

– Тој помогна на еден од најкорумпираните луѓе на светот да биде избран за претседател – вели Левченко за работата на Менафор како советник на поранешниот украински претседател.




